Курти: Не прифаќам примопредавање, новата влада е бескорисна

Приврзаници на Самоопределување на протест против новата влада, Приштина, 03.06.2020.

Лидерот за Самоопределување и поранешен вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека новата влада, предводена од функционерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти е бескорисна и додаде дека тој ќе ја продолжи борбата и набргу ќе се врати во извршната власт.

Косово доби нова влада

Курти, исто така, рече дека нема да прифати примопредавање со некој што го разрешил додека бил премиер. Тој повтори дека е неприфатлива неодамнешната одлука на Уставниот суд за указот на косовскиот претседател Хашим Тачи да го назначи Хоти за мандатор.