Заев: Можеме да се носиме со кризата

Зоран Заев

Можеме да се носиме со кризата, здравствните власти од почетокот на пандемијата носат издржани одлуки, врз основа на фактичката состојба и експертиза, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

„Видовме дека сите мерки досега дадоа резултати. Треба да продолжиме да веруваме во нивната способност за заштита на јавното здравје. Овој бран на вирусот е многу различен. Имаше доволно време да се набави потребната опрема, здравствените институции се подготвени. Здравствените работници стекнаа искуство за препознавање и третман на вирусот. Останува секој од нас, сите граѓани да го дадеме својот придонес. Да ги почитуваме мерките, да помогнеме. Можеме да се носиме со кризата“.“, објави Заев.