Усвоен протокол за превентивни мерки за сите работни места

Влада на РСМ

Владата на денешната седница го усвои протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19, кои важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и редуцирање на патувањата поврзани со работата, но и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на Ковид-19.