Чулев со реакција за стопирањето на огласите за вработување во МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска реагираше дека во услови на пандемија и прогласена вонредна состојба Владата со заклучок го задолжува МВР да ги стопира огласите со кои се пополнуваат дел од испразнетите работни места. Со тоа, според него, политиката и партиските интереси повторно се поважни од здравјето и животот на граѓаните.

„И покрај фактот што ДКСК и Управниот суд донесоа одлука и пресуда со која се поништи одлуката на владата за поништување на решенија за распоредување донесени од моја страна и ја потврдија законитоста на моето постапување, владата и понатаму продолжува спротивно на законот да се меша во работењето на министерството за внатрешни работи и да го опструира нормалното функционирање, со што крајно негативно влијае врз неговата ефикасност“, напиша Чулев на Фејсбук.

Петровска реагира на изјавата на Чулев за вработувањата во МВР

Владата на седницата пред два дена донесе заклучок со кој го задолжи МВР да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања во министерството бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада.