Трамп го одложи самитот на Г7

Претседателот на САД Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи годинешниот Самит на Г7 до крајот на годината и вели оти планира да покани и други земји, вклучително Русија.

Трамп изјави дека сегашното членство во групата – САД, Канада, Германија, Британија, Јапонија, Италија и Франција – е застарено.

„Не чувствувам дека како Г7 правилно го претставува она што се случува во светот“, рече Трамп пред новинарите.

Лидерите на најголемите светски економии требаше да се сретнат во јуни во САД, но појавата на коронавирусот ја принуди земјата домаќин да ги преиспита плановите.

Белата куќа на 26 мај соопшти дека Трамп верува оти од одржувањето на годишниот самит во јуну, нема да има поголем пример за повторно „отворање“ на економијата по забраните поради пандемијата.

Но, Трамп сега рече дека сега бара самитот да се одржи подоцна оваа година, евентуално во септември и покрај Русија, сака да ги покани Австралија, Индија и Јужна Кореја.

Групата ќе дискутира за темата за справувањето со Кина, изјави портпаролката на Белата куќа Алиса Фарах.

Германската канцеларка Ангела Меркел веќе ја одби поканата да присуствува на самитот во јуни.