Земјите ги олеснуваат забраните, над шест милиони заболени во светот

Болеста Ковид -19 предизвикана од коронавирусот избувна во Бразил.

Трендот кон олеснување на забраните поради коронавирусот продолжува во многу земји и покрај тоа што бројот на случаи се зголемува, достигнувајќи повеќе од шест милиони заразени до 30 мај.

За следната недела предвидени се повеќе фази на повторно отворање на училишта и ресторани во САД и во делови на Азија и Европа, каде забавува стапката на новозаразени лица.

Но, сликата е различна во Латинска Америка. Земјите како Бразил, Чиле и Мексико се борат да го спречат ширењето на коронавирусот.

Бројот на смртни случаи во Бразил се зголеми на 28.834 со 956 смртни случаи на дневно ниво и 33.274 нови случаи на 30 мај, како што соопшти владата. Јужноамериканската земја со 500.000 случаи е втора зад Соединетите држави.

Во САД повеќе од 100.000 починати од коронавирус

И покрај загрижувачките бројки, бразилските држави се подготвуваат да ги олеснат карантинските мерки, иако здравствените експерти предупредуваат дека најлошото допрва следува.

Ковид -19 однесе повеќе од 367.000 животи низ целиот свет, иако се верува дека вистинската бројка е повисока. Меѓу причините се ограничените тестирања и сомнежите дека некои земји намерно не ги вклучуваат смртните случаи кои се случиле надвор од болниците.