Во јуни олеснување на мерките во големите светски градови

Архива - Луѓе шетаат низ улиците на Токио.

Некои од најголемите градови во светот продолжуваат со олеснување на ограничувањата поради коронавирусот наметнати за контрола на пандемијата, а за повеќето од нив се вели дека ќе бидат забрзани следниот месец.

Токио, Сингапур, Њујорк и Вашингтон се меѓу градовите кои во јуни ќе ги отстранат наредбите за затворање на повеќе бизниси, и покрај тоа што бројот на случаи на коронавирус во светот се ближи кон шест милиони.

Во Токио театрите, кината, фитнес центрите и трговците на мало ќе бидат во можност повторно да отворат следната недела, бидејќи градот се движи да ја исполни втората од трите фази како потоказ за постепено отворање на бизнисите по завршувањето на седумнеделната вонредна состојба на 25 мај.

Сингапур следната недела ќе отоври „брза лента“ за бизнисите и „неопходните“ патувања меѓу Сингапур и Кина, дозволувајќи да продолжат некои летови меѓу двете земји по пауза од четири месеци.

Њујорк, кој е најлошо погоден град во САД, е на „добар пат“ за повторно отворање следната недела на 8 јуни, како што соопшти гувернерот Ендру Кумо.

Вашингтон се движи кон постепено отворање, со што следниот месец на повеќе бизниси ќе им биде овозможено да обезбедуваат услуги за своите клиенти.