Осуден руски новинар на 15 дена затвор

Осудениот новинар Илја Азар

Московскиот суд го осуди на 15 дена затвор рускиот новинар Илја Азар поради кршење на строгите руски закони за протести. Во меѓувреме додека се одржуваше судското рочиште полицијата пред судот приведе неколкумина негови приврзаници кои протестираа и бараа негово ослободување. 35 годишниот новинар беше приведен на протест за поддршка на активистот Владимир Воронтсов кој работеше на изложување на злоупотребите кои се прават од припадници на руските безбедносни служби. На денешниот протест биле приведени шестмина новинари кои се солидаризирале со Азар, потврдуваат нивни колеги.