Протести и грабежи во Минеаполис поради обвинение за расно убиство од полицијата

од протестите во Минеаполис

Демонстранти се судрија со полицијата која употреби солзавец втора вечер за ред во Минеаполис во излив на бес поради смртта на еден афроамериканец, прикажана на видео на кое се гледа како полицаец му клечи на вратот. На видеото, направено од страна на еден минувач во понеделникот вечерта се гледа како полицаецот го држи 46 годишниот Џорџ Флојд со лице на земја и со лисици на рацете кој повторува: „Не можам да дишам“. Вториот ден од демонстрациите, придружуван од грабежи, започна неколку часови откако градоначалникот Џејкоб Фреј ги повика обвинителите да покренат кривична пријава против белиот полицаец.

Твитер обележа два твита на Трамп за “неосновани”

Полицаецот и тројцата колеги службеници кои учествувале во приведувањето на Флојд беа разрешени од полицискиот оддел во вторникот, откако ФБИ отвори истрага за инцидентот. Флојд, наводно, осомничен дека се обидел да донесе сметки за фалсификување во едно бистро за јадење, бил однесен со брза помош во болница каде што и починал.