Астронаут и Реис

БУГАРИЈА - Бугарија в понеделник ќе им овозможи на рестораните и кафулињата да отворат со полн капацитет, бидејќи балканската земја дополнително ги олесни ограничувањата воведени во средината на март за да го запре ширењето на коронавирусот.

МАКЕДОНИЈА - На денешната вонредна седница на Риасетот на Исламската заедница, мнозинството муфтии (две третини) одлучило да го разреши поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи.

КИПАР - Кипар се обврза да ги покрие сите трошоци на туристите кои за време на одморот ќе бидат тестирани позитивни на коронавирус, пишува во писмото на кипарската влада кое денеска го добила новинската агенција Асошиејтед прес.

РУСИЈА - Двајца луѓе загинаа, а десетици куќи и инфраструктура се уништени во големо невреме во рускиот регион Кемерово во Сибир. Невремето ја зафатило областа доцна синоќа, а двајцата луѓе загинале кога се урнал силос за жито кој бил во изградба.

ГЕРМАНИЈА - Германската влада ќе одлучува за планот да се укине предупредувањето за туристичко патување во 31 европска земја од 15 јуни. Македонија и другите од Западниот Балкан не се опфатени со планот. Владиниот предлог-документ ги опфаќа сите 26 земји-членки на ЕУ, плус Велика Британија, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Во него се наведува дека одлуката за укинување на патничките ограничувања треба да се донесе доколку развојот на ситуацијата тоа го дозволува.

КИНА - Полицијата во Хонг Конг денеска употреби солзавец против демонстрантите собрани пред парламентот на протест против предлог законот за кинеската химна. Ако се донесе, секој што ја навредува кинеската национална химна ќе се соочи со парична казна од 5.237 фунти и со три години затвор.

САД - Американската вселенска агенција НАСА и приватната компанија SpaceX требаше да го изведе првото лансирање на човечки екипаж кон Меѓународната вселенска станица од Соединетите држави од 2011 година. Скоро една деценија Соединетите држави се потпираа врз руските ракети Сојуз за испраќање американски астронаути на Меѓународната станица.