Чанти и паради

МАКЕДОНИЈА - На продолжението од денешното рочиште за случајот Рекет, во кој се изнесуваа завршните зборорови, беше прикажана фотографија од чантата Луј Витон во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, на што одбраната реагираше дека јавниот обвинител во завршни зборови пробува на мала врата да доставува доказ. Двете страни расправаа која е и каде е чантата Луј Витон со парите.

ПАКИСТАН - Експерти од компанијата Ербас пристигнаа во Пакистан за да учествуваат во истрагата за авионската несреќа во која загинаа 97 луѓе, соопштија официјални лица, пренесе АП.

АЛБАНИЈА - По изјавите на американската амбасадорка во Тирана, за наводен таен договор за пропаѓање на реформата во правосудството, претседателот Илир Мета предупреди дека ќе има поинаков пристап кон средбите со лидерите на политичките партии и меѓународните претставници, пренесе МИА од Тирана.

АВСТРИЈА - Експертот за јавно здравје, Армин Фидлер, изјави дека стапката на смртност на ковид-пациентите во Австрија е најмала во светот и дека со 71 смртен случај на милион жители, е за 3 отсто подобра од соседна Германија.

ГЕРМАНИЈА - Германската влада сака да стави крај на предупредувањето за туристички патувања во 31 европска земја од 15 јуни ако дозволи ситуацијата со коронавирусот, пишува магазинот Фокус.

ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација предупредува дека земјите сè уште би можеле да се соочат со непосреден втор бран ако пребрзуваат со укинувањето на мерките против пандемијата со ковид-19.

ЧЕШКА - По неколку недели затворање поради пандемијата на коронавирус, рестораните, баровите и туристичките места во чешката престолнина уште еднаш ги отворија своите врати.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука парадата по повод Денот на победата, 9 мај, што беше одложена поради пандемијата, да се одржи на 24 јуни.