Донаторска конференција на ЕУ за миграциска криза во Венецуела

ред за бензин во Каракас, Венецуела

Европската унија и шпанската влада денеска организираат Меѓународна донаторска конференција за солидарност со венецуелските бегалци и мигранти во другите земји од Латинска Америка. Донаторската конференција е со поддршка на Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) и Меѓународната организација за Миграција (ИОМ).

САД му воведоа санкции на руски Роснефт поради помагање на Венецуела

Целта на конференцијата е да ја извести меѓународната заедница за оваа невидена криза, да ги мобилизира ресурсите за поддршка на раселената популација и да се справи со влошената состојба што ја создаде ковид-19.