СЗО повтори дека е можен втор бран на ковид-19

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејезус

Светската здравствена организација предупредува дека земјите сè уште би можеле да се соочат со „непосреден втор бран“ ако пребрзуваат со укинувањето на мерките против пандемијата со ковид-19. Повеќе од 5,5 милиони потврдени случаи на коронавирус и 346,000 смртни случаи.се регистрирани ширум светот. Светската здравствена организација соопшти и дека привремено ќе го изостави анти-маларискиот лек - хидроксихлорокин - од својата глобална студија за третман на Ковид-19. СЗО изјави дека го прави тоа затоа што нејзините експерти треба да ги разгледаат сите расположиви докази.

Пелоси: Трамп не смее да зема неодобрени лекови

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно изјави дека го зема лекот за да ги ублажи симптомите во случај да е заразен со коронавирусот, иако неговиот ефект против инфекцијата не е докажан. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејезус изјави дека врз основа на текстот во научното списание Лансет, било решено „привремено да се паузира“ истражувањето на тој лек во нивната пилот студија која се занимава со третман на болести предизвикани од коронавирусот. Во текстот објавен минатата недела се наведува дека луѓето кои земаат хидроксихлорохинот имаат поголем ризик од смрт и срцеви проблеми отколку оние кои не го земаат.