Хан: Напорите на Западен Балкан ќе бидат наградени

Јоханес Хан

Поранешниот евроомесар за проширување, а сегашен еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, изјави дека Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа и напорите на земјите од тој регион ќе бидат наградени. Тој за хрватскиот весник „Експрес“ истакна дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ претставува процес кој се темели врз заслуги и како таков е во вистински интерес за Унијата, пренесе МИА.

Хан, како што рече, на „балканските пријатели“ им порачува да продолжат со реформите кон европскиот пат, потсетувајќи дека минатиот месец ЕУ одлучи да отвори пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија и покрај кризата поради пандемијата на коронавирусот, пренесе МИА. Еврокомесарот додаде и дека ЕУ со репрограмирање на финансиските средства и дополнителните мерки, како што е укинување на забраната за извоз на медицински средства, јасно покажала дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ.