Иран по Рамазан почнува со олабавување на мерките

Илустрација, Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохени изјави дека властите наскоро ќе дозволат отворање на повеќе бизнис сектори, културни места и верски објекти како дел од тековните мерки за олабавување на ограничувањата за движење наметнати поради пандемијата со коронавирусот. Тој најави дека историските музеи и локалитети ќе биде дозволено отворање на 24 мај, денот што го означува крајот на светиот муслимански месец Рамазан.

Рохани изјави дека верските објекти ќе бидат отворени по овој ден и верниците ќе мора да одржат физичко дистанцирање и да ги следат правилата и мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Рохани минатата недела изјави дека рестораните ќе бидат повторно отворени по Рамазан, а спортските настани ќе се одржуваат без публика.

Последните бројки во Иран покажуваат дека од Ковид 19 во земјата до сега починале над 7 илјади пациенти, додека вкупно беа заразни речиси 132 илјади граѓани.