Курти е за продолжување на дијалогот со Србија

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави дека е во постојан контакт со специјалниот пратеник на ЕУ за преговорите меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, со цел да се обнови дијалогот кој беше прекинат во ноември 2018 година.

„Имам редовни контакти со претставникот на ЕУ. Нормално дека тој работи на започнувањето на преговорите. Ние бараме тој дијалог да биде заснован на принципи и добро подготвен. Подготвени сме, имаме искуство и ќе ја претставуваме нашата Република како што се бара со Уставот и законите. Значи, од Брисел зависи календарот на дијалогот“, рече Курти.

Тачи: САД ќе имаат водечка улога во дијалогот меѓу Косово и Србија

Дијалогот беше прекинат откако тогашната влада на Рамуш Харадинај ја воведе таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.