Израелскиот суд му нареди на Нетанјаху да дојде на судењето за корупција

премиерот Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот суд денес му нареди на премиерот Бенјамин Нетанјаху да дојде на почетокот на судењето за корупција во недела во Ерусалим.

Судот го отфрли барањето на адвокатите на Нетанјаху да го ослободат од присуство на отворањето на судењето и објасни дека не постојат основи за изземање на Нетанјаху од обврската на обвинетиот да присуствува на читањето на обвинението. Според законот, премиерот за разлика од другите членови на владата не мора да си даде оставка доколку е обвинет.

Нетанјаху беше обвинет во три случаи, за измама и злоупотреба на довербата и за земање мито. Како најдолг премиер во израелската историја, Нетанјаху оваа недела го започна својот петти мандат. Тој е премиер повеќе од 13 години. Неговиот избор следи по третите паралелни избори во Израел, за помалку од една година. Нетанјаху формираше коалициска влада со партијата на центарот „Сино и бело “, Бени Ганц, кој според коалицискиот договор меѓу двете партии, ќе го замени Нетанјаху како премиер по 18 месеци.

Нетанјаху тврди дека не сторил ништо лошо и ги обвинува медиумите, судството и политичките противници за „лов на вештерки“.