Опаѓа бројот на случаи на коронавирус, Европа ги олеснува мерките

Повторно отворање на Ватикан, калуѓерки во посета на базиликата „Свети Петар.“ 18.5.2020

Олеснувањето на мерките за ограничување го зголеми темпото во Европа во услови на континуирано намалување на бројот на нови случаи на коронавирус и зголемена загриженост за уништувачките ефекти на пандемијата врз глобалната економија.

Црквите, историските локалитети, продавниците, рестораните и баровите започнаа повторно да се отвораат низ континентот. Во Италија повторно е отворена за посетителите базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, откако беше затворена на 10 март кога беше едно од жариштата на епидемијата, при што мал број на посетители чекаат почитувајќи ги правилата за физичко дистанцирање.

Италија забележа повеќе од 31.750 смртни случаи од Ковид – 19, при што дневниот број на смртни случаи падна на 145 на 18 мај, најниско од 9 мај наваму.

Грција по двомесечно затворање повторно го отвори Акрополис во Атина и сите археолошки места на отворено.

Во светски рамки регистрирани се повеќе од 315.000 смртни случаи и 4.7 милиони инфекции од коронавирус, иако се верува дека бројките се многу поголеми.