ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја користи епидемијата за бизниси и поткуп

Зоран Заев и СДСМ ја користат епидемијата со корона вирус да си делат милионски бизниси, концесии и да прават класичен изборен поткуп на гласачи, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето на третиот сет владини мерки за справување со економските последици од корона пандемијата.

„Македонија е земја во која нема никаква стратегија за решавање на економската криза која следи по здравствената, па така имаме најмал процент од БДП одвоен за помош на економијата и стопанството. Македонија е земја во која повеќе се одвојува за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции“, обвини денеска најголемата опозициска партија.

Реакциите од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат по вчерашното и денешното презентирање на новиот, трет по ред, сет мерки кои Владата ги усвои за справување со економските последици од коронавирусот.