Приведени 30 лица за прекршување на полицискиот час

Полиција. Илустрација.

МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според МВР, 28 лица ј прекршиле мерката за задолжително носење на заштитна маска. За последните 24 часа на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.