Разумков: Украина не се откажува од Крим

Претседателот на украинскиот Парламент, Дмитро Разумков

Претседателот на украинскиот Парламент, Дмитро Разумков изјави денеска дека напорите за да се врати контролата врз полуостровот Крим се дел од тежок и бавен процес кој неговата земја е одлучна да го реши. Русија изврши анексија на Крим во март во 2014 година, а ги поддржува и сепаратистите кои се борат во Доњецк и Луганск против украинските сили. Размуков порача и дека Киев нема да ги напушти напорите за враќањето на Крим под украинска конторла, ниту напорите за преземање на контролата врз Доњецк и Луганск.

„Има многу луѓе кои беа, се и ќе останат државјани на Украина. Условите во кои тие се наоѓаат ги принудуваат да преземат чекори како земањето на руско државјанство. Но, знаете, не дај боже ние некогаш да треба да дознаеме како е да се биде во нивните чевли“, рече тој во интервју за РСЕ.

САД и западните земји ги осудија чекорите на Русија за брзо издавање на државјанство на сите жители на Доњецк и Луганск во услови кога се дпроведувата напори за постигнување мир во источна Украина.