ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот е задоцнет и нереален

Архивска фотографија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека ребалансот на буџетот е премногу оптимистички скроен и дека е нереален. Поранешниот министер за финансиии член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Трајко Славески вели дека овој ребаланс на буџетот доаѓа со задоцнување од најмалку месец и половина.

„На јавноста и е познато дека ВМРО-ДПМНЕ преку дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Кочоска Димитриеска уште во март веднаш откако се увидоа првичните негативни ефекти од здравствената и економска криза предизвикани од корона вирусот предложи или укажа на потребата од прекројување на државната каса.Но, тоа како и многу други наши предлози не беше прифатено, “ изјави Славески.

Тој посочи дека во меѓувреме владата продолжи со трошењето на буџетски средства како ништо да не се случува, претежно за тековни расходи од кои добар дел беа насочени за предизборен поткуп на гласачите.

„Оттаму не треба да зачудува фрапантната цифра што ја изнесе министерот за финансии Ангеловска од планираните 750 милиони евра буџетски дефицит со овој ребаланс што претставува историски највисоко ниво на планиран буџетски дефицит во историјата на Република Македонија и со ова како што исто така беше потврдено на новинарско прашање од страна на министерката јавниот долг на Република Македонија се доближува или ќе се доближи ако се ова се реализира до критичното ниво од 60 проценти од БДП, “ додаде тој.

Тој смета декаова што се става на хартија најверојатно или тешко ќе се реализира или ќе се реализира со големи недостатоци во практиката.