Владата бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба

Владата на денешната седница донела заклучок да достави предлог до претседателот Стево Пендаровски за вонредна состојба и во наредните 30 дена, соопшти владината прес-служба.

Оваа одлука е соопштена непосредно пред седницата на Советот за безбедност на која ќе се решава за ова прашање, а пред ДИК да соопшти што заклучи околу роковите за изборите, за кои расправа два дена и се уште ги нема доставено до кабинетот на претседателот.

Предлогот до Пендаровски, според соопштението од Владата, содржи и извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира барањето за вонредна состојба уште 30 дена.