Помладите од 18 и постарите од 67 години смеат да се движат од 5 до 19 часот

Седница на Уставен суд, архивска фотографија

Уставниот суд на денешната седница донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката за посебен режим за движење на помладите од 18 и на повозрасните од 67 години. Со тоа, овие лица ќе можат да се движат како и останатите граѓани, од 5 до 19 часот.

Досега повозрасните лица можеа да излегуваат само во периодот од 5 до 12, а малолетниците од 13 до 19 часот. Владата ја донесе оваа Одлука со цел да се раздвојат овие две групи граѓани.

На денешната седница Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како и на Уредбата со законска сила за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба.