ЕК запре испорака на маски од Кина, биле неквалитетни

Седиштето на ЕК во Брисел

Европската комисија ја запре испораката на цел контингент маски, набавени за да им помогнат на земјите- членки во борбата со Ковид-19, откако властите на Полска и Холандија соопштија дека од Брисел им биле доставени заштитни медицински маски кои не ги исполнуваат европските стандарди за квалитет. Заштитните маски биле набавени од Кина, купени со средства на ЕУ и доставени преку инструментот за итни случаи на Унијата.

Европската комисија потенцира дека е клучен квалитетот на маските што ЕУ ги набавува за здравствениот сектор и наведува дека ќе почека за информации од други земји- членки кои добиле прва рунда маски, пред да се одлучи за натамошни чекори и можни правни процедури за да ја надомести штетата.

Земјите- членки што добија несоодветни маски треба да одлучат што ќе прават со нив и да го известат Брисел за тоа, нагласи Европската комисија.