40 лица не го почитувале полицискиот час, 29 приведени

Полициски час во Скопје

Вкупно 40 лица во државата не ја почитувале забраната за движење во изминатите 24 часа, а 29 биле приведени, додека за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Во однос на мерките за изолација и самоизолација, според МВР, во текот на изминатото деноноќие на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација, а веќе евидентираните лица не ја прекршиле мерката.