Рајанер ќе отпушти 3000 работници

илустрација

Компанијата „Рајанер“ најави отпуштање на 15 проценти од персоналот со цел намалување на трошоците за време на епидемијата на коронавирус.

Директорот на оваа нискобуџетска компанија, Мајкл О’Лери, изјави дека не ќе можат да работат со полн капацитет до следната година и дека „Рајанер“ ќе мора да се натпреварува со авиокомпаниите кои ќе добијат милијарди државна помош. Тој во интервју за Ројтерс вели дека компанијата ќе излезе посилна од борбата со оваа криза, како и дека се преговара за цените со Боинг. Тој сега смета дека ќе бидат потребни две до три години за нормализирање на бизнисот.


„Рајанер“ ќе започне со консултации со синдикатите во текот на следната недела да отпушти три илјади работници и да ги намали платите за 20 проценти, се вели во документот испратен до пилотите вработени во компанијата.