СЗО тврди дека коронавирусот има природно потекло

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан повтори дека институцијата верува дека новиот коронавирус има природно потекло. Рајан одговори на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека вирусот можеби потекнува од Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан.

Тој изјави дека тимовите на СЗО сослушале многу научници кои истражувале секвенци на гени и коронавирус и дека се „убедени дека коронавирусот има природно потекло“.

Вчера Трамп рече дека е убеден дека коронавирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, а потоа повторно го критикуваше одговорот на СЗО во раната фаза на епидемијата. Повеќето научници веруваат дека новиот коронавирус се појавил на крајот на 2019 година на пазарот во Вухан каде се продаваат разни егзотични животни и дека им така се пренел на луѓето.