СБ ги одобри 90-те милиони евра за земјава во справувањето со ковид-19

Атриумот во седиштето на Светската банка во Вашингтон

Канцеларијата на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90-те милиони евра за поддршка на земјава за спречување на коронавирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата. Со овие средства ќе се обезбеди директна поддршка за ограничување на локалното пренесување на вирусот преку зајакнување на системите за следење на болестите и на јавните лаборатории преку набавка на дијагностички комплети, реагенси, потрошни материјали, опрема за лична заштита и обука за соодветните протоколи.

СБ: И Западен Балкан во рецесија, Македонија ќе има најмала штета

Исто така ќе се обезбедат и парични надоместоци за ранливите домаќинства погодени од економските последици на и обезбедување храна и основни производи за населението во карантин и за домаќинствата погодени од вирусот. Ќе се финансира и осигурувањето во случај напривремена невработеност преку обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.