Милиони работници ширум светот на Први мај – Меѓународниот ден на трудот обично учествуваат на големи маршеви и митинзи, но оваа година празникот во голем дел ќе ги нема ваквите манифестации поради воспоставените ограничувања на движењето за да се контролира ширењето на коронавирусот. Митинзите и маршевите ширум Европа се откажани во име на безбедноста, а во Русија масовната парада организирана од синдикатите исто така, стана жртва на пандемијата.
Работничките права „жртва“ на коронавирусот
За да се надоместат откажувањата, синдикатите ги повикуваат приврзаниците да ги украсат своите домови и балкони со транспаренти или да ги користат социјалните медиуми за поддршка на трудот. Според организаторите, особено е важно годинава да им се оддаде признание на луѓето што работат во здравството и во супермаркетите. Сепак, за денеска се очекува да има некои демонстрации во помал обем во Грција, Германија и Индонезија.