Независен конгресмен ќе се вклучи во претседателската трка?

Илустрација

Членот на Претставничкиот дом на САД, Џастин Амаш, кој ја напушти Републиканската партија поради неговите критики кон претседателот Доналд Трамп, објави денеска дека се подготвува да се кандидира на претседателските избори. Независниот 40-годишен пратеник од Мичиген ќе бара номинација на Либертаријанската партија, која промовира граѓански слободи и ограничена влада.

„Ние сме подготвени за претседателство што ќе го врати почитувањето на нашиот Устав и ќе ги зближи луѓето“, напиша тој на Твитер.

Но, тој има мала веројатност да победи на изборите на кои противници би му биле актуелниот претседател Трамп и претпоставениот демократски кандидат Џо Бајден. Амаш е единствениот републиканец кој го поддржуваше импичментот на Трамп. Останува нејасно дали неговата кандидатура би имала поголемо влијание врз Трамп или Бајден.