Подгорица жали што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров „го обвинува црногорското раководство за „русофобија“ и наводно предавство на Русија „користејќи таблоиден речник“, пишува порталот „Победа“ наведувајќи извори во раководството на Министерството за надворешни работи на Црна Гора.
Балканскиот список на Москва – Од Скопје до Бања Лука
Лавров претходно изјави дека претседателот Мило Ѓукановиќ усвоил недвосмислено русофобичен став, за кој рече дека е против здравиот разум. Истиот извор вели дека на приказната за русофобија најдобро може даодговорат стотиците илјади Руси кои доаѓаат во Црна Гора секоја година и илјадниците кои живеат во земјата.