Времето денеска: променливо облачно

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Дневната температура ќе биде од 14 до 23 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 22 степена.