Мицкоски: Избори не се приоритет, Собранието не може да се свика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на прaтeниците со неговото распуштање е завршен и дека тие го вратиле легитимитетот назад кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот, рече денеска на прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за иницијативата за свикување на Парламентот спроведена од СДСМ.

Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се предвремени избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да го порази СДСМ секогаш. Но, одржување предвремени парламентрани избори кога имаме пандемија на КОВИД-19 и кога секојдневно се бориме со инифицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите“, рече Мицкоски, одговорајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите ако тие се одржат на крајот на јуни или во почетокот на јули.

Тој ја обвини Владата дека во првите три месеци од годинава потрошила нешто под 43 отсто од вкупно планираниот буџетски дефицит за 2020-та или 120 милиони евра повеќе од тоа што е собрано во државната каса.