Заболените од Ковид-19 од утре ќе се лекуваат со крвна плазма

Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре во болницата „8 Септември“, каде ќе започне лекување на овие болни и со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот сепак порача дека точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.