САД побараа од талибанците во Авганистан да го намалат насилството

Американскиот претставник Залмај Калилзад

Специјалниот претставник на САД задолжен за помирувањето во Авганистан, побара од талибанците да го почитуваат на „хуманитарни основи“ прекинот на огнот за време на светиот муслимански месец Рамазан и тековната криза со коронавирус.

Американскиот претставник Залмај Калилзад денеска преку серија твитови, порача талибанците да го намалат насилството и да престанат со сите нивни навредливи операции до крајот на кризата со коронавирус.

Неговите забелешки следат по нападот на талибанските милитанти на првиот ден од Рамазан, 24 април, во кој загинаа најмалку 13 провладини сили во североисточната авганистанска провинција Бадгис.

Талибанците го отфрлија претходното барање на авганистанската влада за прекин на огнот за време на Рамазан.

Во изјавата на 23 април, талибанците соопштија дека чекорите за прекин на огнот веќе биле опфати во договорот потпишан со САД во Катар во февруари.

Талибанците ја обвинија авганистанската влада дека не успеа целосно да го спроведе мировниот процес.