Србија испрати помош за Италија

Еден од авионите со медицинска помош за Италија на аеродромот Никола Тесла во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од аеродромот „Никола Тесла“ испрати четири од предвидените осум авиони со помош за Италија, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија испраќа два милиона хируршки маски, два милиона епидемиолошки маски и еден милион ракавици.

„Можеби можевме и повеќе, но ова е гест да покажеме колку ни значи Италија“, истакна Вучиќ, испраќајќи порака со сочувство до сите починати.

Пред да ја испрати помошта за Италија, српскиот претседател ги прими претставниците на тимот на руските вооружени сили, кои помагаа во спречувањето на ширењето на новиот коронавирусот и им се заблагодари за „обезбедувањето на важната помош за Србија“.

Одлуката на претседателот Путин е израз на солидарност, но и потврда за вонредните стратешки односи и најблиско пријателство меѓу двете земји, посочи Вучиќ.