Викендов топло, од понеделник дожд

Плоштадот Македонија во Скопје

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 7, а максималната од 16 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец со температура до 22 степени.

Според УХМР, за викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени.