Лидери и дезинфициенси

САД - Канцеларијата за човекови права во Обединетите нации ги повика Владите на Мексико и на државите од Централна Америка да размислат за прекин на депортацијата за време на пандемијата накоронавирусот. Високиот комесар на ОН за човекови права исто така изрази благодарност поради илјада мигранти кои се заглавени откако државите ги затоврија границите или локалното население одбило да ги пушти внатре.

МАКЕДОНИЈА - Во Дебар и Центар Жупа, двете општини кои беа првото жариште на коронавирусот во државава, во тек е скринингот за имунитетот на населението. Според 14 матични лекари, направени се околу 1.300 тестови.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека задолжителното носење на маски е најмногу поради тоа што голем дел од заболените од Ковид19 немаат симптоми, а со носењето маска се спречува можноста за ширење на вирусот. Тој нагласи дека првично и Светската здравствена организација не препорачуваше маски, но дека мислењата се сменија по многубројните анализи и студии. Во последните 24 часа се регистрирани 36 оздравени, еден починат и 26 новозаразени со коронавирус.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, да свика нова лидерска средба за да се најде начин за излез од, како што вели Мицкоски за „360 степени“, кризната состојба во која се наоѓа државата.

САД - Здравствените власти и разни компании ги предупредуваат луѓето да не вбризгуваат во своето тело или да пијат средства за дезинфекција откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека истражувачите ги разгледувале ефектите на средствата за дезинфекција врз коронавирусот и се прашувал како би реагирале ако се вбризгани во човеково тело.

СЛОВЕНИЈА - Словенечката државна телевизија ТВСЛО објави документи, преписки и снимени телефонски разговори во кои, според медиумот, се слуша гласот на министерот за економија Здравко Почивалшек, како договара која фирма и како треба да го добие тендерот за набавка на заштитна и медицинска опрема, јави МИА од Љубљана. Во прилогот на ТВСЛО, која презентираше докази, се тврди дека набавката на опремата била без тендер односно со непосредна спогодба, а министерот и неговите најблиски соработниците избирале кој ќе го добие тендерот.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија ги отфрли сите нови одложувања по процесот на излез од Eвропската унија, соопшти главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, на брифинг по рунда онлајн преговори за Брегзит.

АВГАНИСТАН - НАТО, пак, соопшти дека сегашното ниво на насилствата предизвикани од Талибанците е неприфатливо и побара од милитантната група да се придружи во мировните разговори и да го забрза ослободувањето на затворениците. Талибанците претходно го одбија предлогот на авганистанските власти за прекин на огнор за време на Рамазан.