Пукање во воздух при приведување на осуденик во Тетово

Илистрација - Полиција, полициска СТОП лента

Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 37 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Приведениот го барала полицијата за издржување на 6 годишна казна затвор поради сторено кривично дело - трговија со луѓе.

„Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух“,изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.