Меркел: Не сме на крајот на пандемијата, уште сме на почеток

Ние не сме во финалната фаза на пандемијата, уште сме на почеток. Добивме на време и ќе го искористиме да го зајакнеме германскиот здравствен систем, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

„Германија се уште е на почетокот на пандемијата со Ковид-19 и ќе мора да живее со него некое време“, нагласи Меркел.

Таа додаде дека Светската здравствена организација е неопходен партнер на Германија и оти ќе ја поддржи работата на СЗО. Германската канцеларка додаде дека пандемијата може да се победи само глобално, дека се потребни остри мерки за да се сочува достоинството на сите и дека вакцината, кога ќе биде пронајдена, мора да биде достапна за целиот свет.