Ќучук: Западен Балкан е приоритет на ЕУ, загребскиот Самит веројатно во јуни

Илхан Ќучук, известувачот за Македонија во Европскиот парламент вели дека освен за кризата со коронавирусот, Европската Унија се мобилизира само за интеграцијата на западниот Балкан.

„Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент со огромно мнозинство ги поддржа препораките содржани во извештајот посветен на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој требаше да се одржи во мај во Загреб, но најверојатно ќе биде одложен за јуни во форма на видеоконференција“, изјави Ќучук за МИА, кој е известувач во сенка за овој извештај, покрај главниот известувач, Тонино Пицула.