Трамп наименува прв амбасадор во Белоусија по над 10 години

Џули Фишер

САД го наименуваа свој прв амбасадор во Белорусија по повеќе од над една деценија во најнов знак на затоплување на односите меѓу двете земји. Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека има намера на тоа место да ја номинира Џули Фишер, висок функционер на Стејт департментот за Европа. Фишер претходно имаше задачи во НАТО и служеше во Русија, Грузија и во Украина. Сенатот мора да го одобри нејзиното назначување, но не е јасно кога ќе одржи сослушувања, поради панедемијата на коронавирус.

Помпео за вистински напредок во односите со Белорусија

Соединетите држави го отповикаа својот амбасадор во Минск во 2008 година кога авторитарниот претседател Алиаксандр Лукашенка нареди намалување на американскиот дипломатски персонал во земјата. Влошувањето на односите се случи откако Вашингтон воведе санкции како одговор на злоупотребата на човековите права околу претседателските избори во Белорусија во 2006 година. Оттогаш, амбасадите на двете земји се претставени на ниво на службеници.