Полицијата ќе фотографира кој не носи маска, прво ќе опоменува, па ќе казнува

Задолжителното носење маска, марама, шал или што било за покривање на устата и носот, што од среда ќе важи за Куманово, Тетово и Прилеп има за цел да се создадат услови за повеќе движење, а притоа да се гарантира заштита, јавува МИА повикувајќи се на брифинг од Владата.

Доколку некој не носи заштитна опрема, најпрво ќе добие само опомена, а дури потоа казна. Ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна, дополнуваат од Владата.

Од Владата брифираат дека ќе се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните. Во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите, но дека тоа нема да се случи преку ноќ. Олабавувањето на мерките ќе се одвива во неколку фази.

„Се прават планови за да се намали времетраењето на полицискиот час но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метри“, велат од Владата.