Временска прогноза - Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува и попладне во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе се задржи претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Од понеделник времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег. Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.