Велигден во вонредна состојба

Верници во црква на Велики петок.

Православните верници Велигден ќе го дочекаат дома поради полицискиот час, кој почна во 16 часот во петокот и ќе трае до 6 часот во вторник. Во храмовите ќе има богослужби и литургии, кои ќе се пренесува во живо. Вонредната состојба настаната поради пандемијата со Ковид-19 наложи и вонредно празнување на најголемиот христијански празник Велигден.

Пораки верниците да се останат дома деновиве упатија и црковните лица и властите.

И во други држави , каде што се прославува Велигден црквите се затворени за верниците, само Бугарија и Грузија најавија дека за Велигден вратите на црквите ќе останат отворени за верниците, но со почитување на препораките за заштита од коронавирусот-носење маска и држење растојание едни од други.

Но, она што ги обедини сите православни цркви, и за кое имаат ист став е отфрлањето на барањето на здравствените експерти при причестувањето да употребуваат лажичиња за еднократна употреба.