Бебе, доктор, премиер...

МАКЕДОНИЈА - Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од Клиниката.

МАКЕДОНИЈА - Попладнево во 16 часот почна 85-часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство денеска соопшти дека на Клиниката за инфективни болести починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години. Во денешната евиденцијата е регистриран и еден починат пациент од струшкото село Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид-позитивен.

ЈАПОНИЈА - Јапонските власти ќе му дадат по 100 илјади јени, или околу 857 евра, на секој жител на земјата, без разлика дали е Јапонец или странец, за да помогне во одржувањето на стопанството за време на пандемијата на коронавирус, изјави денеска премиерот Шинзо Абе.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп им даде на гувернерите план со упатства за закрепнување на економијата од пандемијата на коронавирусот. Станува збор за фазен пристап за враќање на нормалната активност, но само таму каде што има интензивно тестирање и каде што е намален бројот на случаи на ковид -19. Во области каде што има ширење на вирусот се задржуваат преземените мерки.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британската влада објави дека рестрикциите ќе бидат продолжени барем уште три недели.

КИНА - Кинескиот град Вухан, каде што за прв пат се појави коронавирусот, го зголеми бројот на жртвите за 1.290, во услови на растечки меѓународни сомнежи за транспарентноста на Кина. Ажурираните бројки покажуваат дека бројот на починатите во Вухан е 3.869, односно две третини од потврдените случаи во Кина. Дополнителните смртни случаи биле погрешно пријавени или целосно испуштени, соопштија градските власти.

ФРАНЦИЈА - Францускиот претседател Емануел Макрон процени дека во Кина има „магливи области“ над пандемијата на коронавирус. Тој за Фајненшл тајмс изјави дека е јасно оти имало работи што се случиле, но никој не знае за тоа. Така и Париз им се приклучи на сомнежите изразени од Лондон и Вашингтон.