Потона чамец со мигранти во Дунав во Романија – осуммина исчезнати

Илустрација

Седуммина мигранти и криумчар од Србија се водат како исчезнати по потопувањето на српски чамец во романскиот дел на реката Дунав, соопшти денеска романската гранична полиција.

Чамецот, на кој имало 16 мигранти од Азија и од Африка и двајца српски криумчари, синоќа се превртел кај градот Дробета – Турну Северин, изјави портпаролката на полицијата Александра Гаван за новинската агенција Франс прес.

Граничарите забележале повеќе луѓе во водата кои викале и барале помош и успеале да спасат деветмина, изјави таа. Меѓу спасените се четворица Сиријци, двајца Ирачани, по еден Јеменец и Палестинец и еден српски криумчар.

Едно тело ноќеска било извлечено од реката.

Повеќе романски бродови денеска ја продолжува потрагата по осумтемина исчезнати.