Почист воздух во Европа поради пандемските мерки

илустрација

Koнцентрациите на азот диоксид, што го испуштаат главно возилата и термоцентралите, паднаа за 54 проценти во Париз и за околу 45 проценти во Мадрид, Милано и Рим за време на спроведувањето на мерките за запирање на пандемијата на коронавирусот, објави денеска Европската вселенска агенција.

Коронавирусот најмногу убива каде што има нечист воздух?

Таква била разликата на мерењата во март и април годинава во споредба со просекот во март и април лани. Остриот пад „се совпаѓа со строгите мерки за карантин низ Европа“, се вели во соопштението.