Видео состанок на лидерите на Г7 за коронавирусот

Урсула фон дер Лејен и Шарл Мишел на видео конференција со Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе одржи видео-конференција со лидерите на Г7 за да ги координираат националните одговори на пандемијата на коронавирус, соопшти Белата куќа. Трамп, кој е шеф на Г7 оваа година, мораше да го откаже годишниот самит на групата, што тој планираше да го одржи во „Камп Дејвид“, Мериленд, во јуни.

Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина

Во групата спаѓаат САД, Франција, Британија, Италија, Канада, Јапонија и Германија. „Работејќи заедно, Г7 презема пристап за да се справиме со кризата низ повеќе области, вклучувајќи ги здравството, финансиите, хуманитарната помош и науката и технологијата“, рече портпаролот на Белата куќа Џуд Дир.